ETERNITY Pro Gaming Team
[ New messages · Members · Forum rules · Search · RSS ]
  • Page 1 of 1
  • 1
Lebron pretplaten na 41 poen
eternityDate: Sunday, 2009-02-08, 10:38 PM | Message # 1
Admin
Group: Administrators
Messages: 8
Reputation: 0
Status: Offline
Како што игра последниве недела дена, ништо чудно Леброн Џејмс наскоро својот дрес со бројот "23" да го замени со "41", како одраз на неговите одлични партии на три од изминатите четири средби на кои тој постигна токму толку, по 41 поен.

"Не го правам тоа намерно, ако на тоа мислите" - изјави Леброн по триумфот на Кавси над Милвоки од 99-93. Тој претходно во двете победи над Булси исто така застана на 41 поен, а против Бакси постигна 12 поени во решавачката последна четвртина.

Мо Вилијамс додаде 16 поени против својот екс-тим, додека центарот Зидрунас Илгаускас имаше 15 поени и десет скокови за Кавси. Резервата Андерсон Варежао имаше шут 4-4 во последната четвртина во која постигна 13 поени и исто како и Илгаускас, имаше десет скокови.

Кај Бакси, кои се уште се без повредениот Мајкл Ред, Ричард Џеферсон со 19 поени беше најефикасен, а Лук Риднаур додаде 17 поени (14 во третата четвртина). Ред се обиде да тренира пред дуелот со Кливленд, но очигледно беше дека скочиот зглоб се уште му прави проблеми што го натера тренерот Скот Скајлс да го одложи неговиот кам-бек.

 
  • Page 1 of 1
  • 1
Search:

Copyright MyCorp © 2025