ETERNITY Pro Gaming Team
Site menu
Catalog categories
My articles [7]
Tag Board
Our poll
Rate our site
Total of answers: 96
Main » Articles » My articles

ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
kode5_logo.jpgЕден од нашите македонски претставници на овогодинешните регионални квалификации за KODE5 главниот настан кој се одржува во Москва, Русија успеа да издвојува победа во големото финале!!! ЧЕСТИТКИ од цела Македонија!
 
Тимот ENTITY предводен од капитенот Јован "KaLaN" Каланоски, успешно им се спротистави на босанскиот тим eu4ia во големото финале издојувајќи победа на двете одиграни мапи. Горди сме на овој најголем успех на македонски тим кога се во прашање големите настани како што е и KODE5 финалето во Москва. Честитки уште еднаш и достојно да ја преставувате нашата држава и гејмингот кој се повеќе и повеќе добива она вистинското светло. Честитки и до тимот simpleX и им посакуваме повеќе успех во следните натпреварувања.
 
 
     Патот на тимот на ENTITY до финалето.... 
 
     На овогодинешните регионални квалификации за KODE5 сите тимови кои беа во трка за освојување на првото место, беа поделени во 4 групи со по 4 тимови, од кои во следната етапа поминуваа само двеае првопласирани тимови.
ENTITY беше дел од Групата А заедно со тимовите gl.KGB, KGG и WFG. Квалификациите ги започнаа со нерешен  резултат 15:15 на de_inferno против тимот 4gl.KGB. Во вториот меч тимот на KGG беше поуспешен од нашиот претставник со резултат 12:16 на de_nuke. Тоа укажуваше дека не останува ништо само победа во следниот меч за продолжување на натпреварите. ENTITY  успеа да го добие последниот меч од групата против тимот WFG со резултат 16:10 на de_dust2 и се пласира на второто место во Група А.
 
   Од друга страна, тимот simpleX беше дел од Групата Ц, во кои броеа тимовите i.nation, negative и GM.net+. По одиграните 3 меча, тимот simpleX успеа да се пласира на првото место во Групата Ц.
 
   И како по огромна наша среќа во сите меѓународни натпревари, секогаш се среќаваат во следната рунда два македонски тимови еден против друг, што беше и случај и сега. Четврфинале  .....  ENTITY vs simpleX ... Првата мапа беше de_train која ја доби ENTITY. Поразениот тим simpleX за следна мапа ја одбраа de_nuke на која што обезбеди победа за одржување на решавачкиот меч кој се изигра на мапата de_inferno на која што победата ја однесе тимот ENTITY.  И по одиграни 3 мапи тимот ENTITY успеа да ги надигра  долгогодишните прваци во Македонија со резултат од 2:1 и успеаа да се пласира  во полуфиналните натпревари во кој што ги очекуваше уште еден голем предизвик.
 
     Во полуфиналето се сретнаа со тимот eWave. По интересните меча, со победа од 2:0, ENTITY  успеа да го направи својот најголем успех во својата клубска историја, учество во големото финале за обезбедување на визи за Москва, и борба со големите светски CS нации!
 
     Во финалето, пред патот за Москва излезе пречката наречена eu4ia, долгогодишен тим учесник, не само на босанската и балканската сцена, но и пошироко. Квалитетите на двата тимови, несомнено се на високо ниво, со што ни даваа до знаење дека ќе гледаме возбудливо финале со тешка борба од страна на двата тимови, сепак Москва си е Москва :)
 
    Финалето беше толку изедначено, што само нианси делеа од тоа кој ќе биде поуспешен.  ENTITY  започна со одлична игра, во која немаше грешки и изиграно со голем елан, која му обезбеди голема предност. Но тимот на eu4ia успеа пред се со своето искуство успеа да се врати во мечот со тоа што на самиот крај успеа и да дојде до водство со 15:14. Последната рунда го решаваше првиот меч, која му припадна на тимот на ENTITY. Со тоа дојде до можност пак да го добие мечот во своја полза, и по одиграните продолженија, ENTITY успеа да победи во првиот меч на мапата de_nuke со резултат од 19:17.
 
    Втората мапа која беше избрана од страна на поразениот тим е de_train.  ENTITY од страна на CT успеа да стигне до поволен резултат на полувремето со 9:6. Во другото полувреме тимот на eu4ia, како СТ успеа да го даде максимумот од себе, но одлучувачка се покажа седмата рунда која им припадна на ENTITY и со тоа успеа да издвoјува огромна победа над босанскиот тим со резултат од 16:13 и успеа да се пласира во големото финале на KODE5 во Москва.
 
ЧЕСТИТКИ!!
 
Тимот кој што ќе го претставува македонскиот гејмиг во Русија е следниот:
  1. Александар "helius" Киселинов
  2. Јован "KaLaN" Каланоски
  3. Ангел "eRRor" Грозданоски
  4. Ѓоко "aIm1ghty" Лабоски
  5. Алтај "rdn" Реџеп 
Конечниот пласман на екипите на регионалните квалификации за KODE5 е:
  1. ЕNTITY - Македонија
  2. eu4ia - Босна
  3. neWave - Србија
  4. 4Glory.KGB - Србија
ENTITY
Category: My articles | Added by: eternity (2009-03-04)
Views: 450 | Rating: 0.0/0 |
Total comments: 0
Name *:
Email *:
Code *:
Login form
Search
Site friends

    Videos
    -
    -
    -
    -
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Copyright MyCorp © 2024