World Of Warcraft достигнува 11.5 милиони корисници
Експанзијата Wrath Of The Lich King му помогна на Blizzard и на неговото успешно MMORPG да достигне до уште поголема бројка.
Поминаа повеќе од 4 години од кога MMORPG-то на Blizzard, World Of
Warcraft беше пуштено во продажба, но датабазата на корисници сеуште
продолжува да се проширува. Пред извесно време, Blizzard, го направи
најновиот попис на "населението" во светот и тоа достигнува неверојатни
11.5 милиони корисници.
GTA IV: Lost & Damned Trailer Grand Theft Auto IV: Lost & Damned е првата од двете најавени
експанзии, која ќе излезе во продажба на 17 Февруари, 2009, за жал,
единствено за корисниците на Xbox 360. Во ова продолжение, Вашиот лик
ќе биде ставен во чизмите на член на моторџиска банда. Со експанзијата
доаѓа и нова музика заедно со нови автомобили.
NFS Movie November 2008 Kлип
од филмот кој се снима според оваа игра, која веќе влезе во историјата
како една од најуспешните на сите времиња. Клипот е вовед во она што не
очекува со излегувањето и официјалната промоција некаде кон крајот на
ноември 2008 година.
Starcraft 2 new screenshots
Blizzard gaming entertainment, објави три нови screenshots од новото продолжение на
Starcfraft!Погледнете ги овие фотографии, и ќе видите дека сите фанови на оваа
игра ги очекува екстремно огромно задоволство. Starcraft 2, се очекува
да се појави во финална верзија некаде кон крајот на есента 2008
година, и голема е веројатноста дека ќе биде далеку попродавана од
својот претходник. Според до сега стекнатите искуства, креаторите
изјавуваат дека луѓето кои работат на ова продолжение "се убиваат од
работа" за да добијат одличен и неверојатно квалитетен продукт кој
сигурно ќе допре до голем број гејмери ширум светот.
Fnatic останува без својот менаџер
Генералниот менаџер
на екипата на Fnatic, James “2GD” Harding, ја напушта тимот после двегодишна успешна
соработка. Заминувањето беше официјално најавено вчера на fnatic.com а причината за неговото заминување
е потрага по нови предизвици и интереси.
Тој најверојатно ќе
замине на работа во Blizzard, и ќе биде дел од тимот кој ќе работи на
подобрување на World of Warcraft. Воедно, тој ќе биде и член на извршниот
комитет на Blizzard кој се труди што повеќе да го доближи
својот главен продукт до клиентите ширум светот.